БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за земјоделие се отвори за онеправданите земјоделци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со формирањето на техничката влада и влезот на министрите и заменик-министрите од ВМРО-ДПМНЕ, започна да се менува и односот на институциите кон граѓаните во чиј интерес треба да работат тие.

Денеска во изјава за јавноста земјоделецот Екрем имаше можност да се сретне со дополнителниот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Во разговор со министерот Екрем ги изнел своите проблеми кои се појавиле во изминатиот период и очекува нивно решавање.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Цветан Трипуновски дадена во оваа пригода:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Утрово дојде Екрем на пријавницата и побара средба со мене на која што веднаш одговорив. Екрем за жал бил малтретиран со години и бил препраќан од институција до институција бидејќи си ги бара своите реално заслужени пари во однос на штетите од 2016 година.

Самиот ни кажа и дека врз партиска основа бил манипулиран и дали бил член на СДСМ. Јас она што можам да го направам во овој момент е дека максимално ќе се заложам да го проверам овој случај и зошто се уште се доцни со оваа исплата со која што навистина претрпел големи штети во поплавата во 2016 година

Мене не ме интересира политичка партија, ниту ме интересира верска припадност, јас земјоделците едноставно не ги делам и за мене тие луѓе се луѓето кои ја хранат Република Македонија. На македонскиот земјоделец му е уништено достоинството и ова е само еден пример каде навистина она што го говорам е реално поткрепено со факти.”

https://www.facebook.com/297442363746752/posts/1430302700460707/

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace