Во контекст на евроинтегративните процеси кои што Република Македонија ја очекуваат, земјата врз основа на својата гео-стратешка положба може да биде економски мост на поврзување на земјите од Азија и останатите земји од ЕУ.
Во таа насока секое економско партнерство на Македонското стопанство со кинески капитал е од интерес за Македонските граѓани во опстанокот и развојот на македонската економија при претпристапните преговори и членството на државата во ЕУ.
Денеска своја средба со делегација на НР Кина предводена од кинескиот абасадор во Република Македонија оствари претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при што меѓу другото беше разговарано и за можностите за економска соработка на двете држави.
Во продолжение го пренесуваме соопштението за јавност во врска со оваа средба:
“Заедно со Стефан Андоновски, советник за меѓународна односи и дипломатија остваривме средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕоу.
На средбата разговаравме за односите помеѓу двете држави, актуелната состојба во државата и можностите за соработка.
Истакнав дека односите помеѓу двете држави се исклучително пријателски, но има простор за дополнително продлабочување особено на полето на економијата. Ја потенцирав заложбата на партијата за отворени економски односи и економска обнова, поволна бизнис клима која ќе ги привлекува инвеститорите од целиот свет.
Новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирана на економски развој кој ќе придонесе за подобар живот. Сегашната состојба е разочарувачка, ниското ниво на инвестиции, и разорената економија создаваат зголемена сиромаштија и иселување на кое мора да му се застане на патот.
Истакнав дека новата Влада ќе вложи напори за остварување на стратешката цел а тоа е влез на Република Македонија во Европската Унија и забрзана патека по која ќе се движи преку коренити реформи и вложувања.”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
Средба на Јавниот обвинител Савески со директорката на ОТА Јаническа
Истрага за Претседател на суд и Судски администратор