БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бидете подготвени за дочекот на Стара Нова година – Вкусете ги овие коктели на Џаред Лакс кои ќе ве воодушеват

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Иако ја дочекавме новогодишната ноќ со прекрасни алкохолни коктели, новогодишната еуфорија сеуште е во полн ек, па ред е од ова да не отстапуваме и за дочекот на новата година според јулијанскиот календар.

Погледнете ги овие коктели кои ќе го продолжат вашето празнично расположение и кои одлично ќе се вклопат во вашата староновогодишна прослава.

Сите се креација на Џаред Лакс, визуелен уметник, кој работи како супервизор во барот Quattro, дел од ланецот Four Seasons.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

1. Есенски зачин

  • 30 мл вотка
  • 60 мл сок од јаболко
  • 15 мл сок од лимон
  • 15 мл сируп

Состојките се комбинираат во шејкер со мраз и убаво се протресуваат. Се гарнира со стапче цимет и парче јаболко.

2. Розова лимонада

  • 60 мл Absolut Citron вотка
  • 15 мл ликер Куантро
  • 15 мл ракија од праска
  • 30 мл Limoncello
  • 30 мл кисел микс
  • 15 мл сок од лимон
  • неколку капки Гренадин

Работ на чашата се премачкува со лимонов сок и се обложува со шеќер. Се декорира со кора од лимон.

3. Шеќерно стапче

  • 45 мл вотка
  • 15 мл мента ракија
  • 15 мл крем од какао

Како што кажува името, овој коктел се декорира со новогодишно шеќерно стапче.

4. Лаванда

  • 45 мл вотка
  • 30 мл француско бело вино Lillet
  • 30 мл сируп од лаванда
  • 15 мл сок од лимон

За целосно да се долови името на овој коктел, се декорира едноставно се гранче лаванда.

5. Оревокршачка

  • 45 мл вотка
  • 15 мл ликер Amaretto
  • 15 мл бел крем од какао

Работ на чашата се обложува со мелени ореви, додека на дното може да се додаде една мараскино вишна.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace