Денес по повод 24 годишнината од загинувањето на Македонските херои кај месноста Карпалак во војната во 2001 година, Министерот за одбрана Владо Мисајловски во јавноста упати своја порака за значењето на жртвата која ја дадоа овие луѓе за својата татковина во оваа војна.
“Вечна слава и почит на македонските херои, десетте припадници на Армијата на Македонија, Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабраноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски, кои го дадоа својот живот во одбрана на татковината, кај месноста Карпалак.
Нивната борба не беше само во името на денешниот ден, туку за иднината на сите нас. За слободата која ја живееме, за Македонија каква што ја сакаме и каква што ќе продолжи да биде, благодарение на нивната жртва.
Да не се заборави, не само на деновите кога се бореле, туку и на вредностите што ги оставија зад себе: храброст и одлучност да се зачува Македонија. Нивната храброст и саможртва нема да бидат заборавени, ќе живеат во нашите срца засекогаш.
Нека им е вечна слава!”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Мисајловски

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лишена од слобода 24 годишна жителка на Крива Паланка затоа што го нападнала својот сопруг со остар предмет
Голем успех за Македонија на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија
Николоски: Преку 100 милиони денари инвестиции во инфраструктурата во Валандово. Ќе се реконструира и регионалниот пат Струмица -Валандово