БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“Мижи Асан да ти баам”- Горан Трајковски пак ветува Пречистителна станица за вода, водоснабдување за Голак, регулација на река Брегалница…

Пренеси го гласот

Актуелниот градоначалник на општина Делчево откако во 2017 година ги излажа граѓаните на Делчево кои му ја доверија улогата да биде градоначалник во изминатите 4 години сега повторно ветува проекти кои што ги ветуваше во 2017 година.

Денеска преку видео обраќање од центарот на Делчево Горан Трајковски како повторен кандидат за градоначалник за наредните 4 години повторно ветува изработка на проект за водоснабдување на Голак, доизградба на кеј на р. Брегалница во централното градско подрачје како и Пречистителна станица за вода за пиење.

Во 2017 година пред локалните избори Горан Трајковски вети изградба на Фабрика за вода со рок на реализација на проектот до 2020 година.

До ден денес оваа фабрика за вода не е започната да се гради а денеска повторно Горан Трајковски ветува дека ќе пушта во употреба нова современа пречистителна станица за вода. И тоа знаејки дека излажал за реализацијата на т.н. “Фабрика за вода” со неговото ветување од 2017 година дека ќе го реализира до 2020 година, сега Горан Трајковски претпазливо користи различни зборови во своите нови ветувања во обид да не приметат граѓаните дека станува за иста работа.

Денеска кандидатот за нов 4 годишен мандат Горан Трајковски повторно ветува доизградба на кеј на р. Брегалница во централното градско подрачје иако со овој проект ги излажа делчевчани во 2017 дека ќе го реализира заклучно со 2018 година

Исто така денеска Горан Трајковски со надеж дека граѓаните се со кус паметење, повторно ветува изработка на проект за водоснабдување на Голак иако во неговата претходно нереализирана програма од 2017 година истиот тој проект го ветуваше со рок за реализација до 2020 година.

bregalnickimarketing

Овие проекти се застапени во неговата стара програма, па со својата неспособност која Горан Трајковски ја признава на овој начин истите проекти ги препишува и во неговата нова програма како дел од неговите најважни проекти кои ќе ги реализирал во иднина. Со истите излажани проекти од претходно сега Горан Трајковски повторно ја бара довербата на граѓаните на Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот