Фондацијата МК2025 го објавува повикот за апликации за Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2024/2025 година. ![]()
![]()
Што е „Таленти денес – лидери утре“?
По успешниот пилот-проект за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 продолжува со финансиска поддршка за талентирани млади од Македонија. Оваа година ќе доделиме 10 стипендии, секоја во вредност од 60.000 МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи. Стипендиите се наменети за месеците со редовна настава (септември 2024 – јуни 2025).
Критериуми за аплицирање:
1. Средношколци од прва до трета година во државни училишта.
2. Просечен успех над 4.70.
3. Награди или учества на државни/меѓународни натпревари (предност за STEM области).
4. Потекло од социјално ранливи семејства со годишен приход до 800.000 МКД.
Како да аплицирате:
Апликациите се поднесуваат преку платформата E-scholarships на Македонија2025: https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/home
Краен рок: 15.07.2024 година
Повеќе информации на: https://www.macedonia2025.com/fondacija-mk2025-otvoren…/
Избраните кандидати ќе добијат и менторство, обуки, пракси, и ќе бидат поканети на настани на Фондацијата МК2025.
Ги очекуваме Вашите апликации! ![]()
#mk2025education#macedonia2025#mk2025leadershipdevelopment#македонија2025#mk2025networking#mk2025mentorship#mk2025scholarships
Извор: Фејсбук


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Огромен успех на Македонската дипломатија” Стигна потврда од ООН
Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа.
Амфенол технолоџи Македонија организира екоакција по повод Светскиот ден за заштита на животната средина во Кочани