БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Треба пресврт на апатијата во Делчево: Иницијатива за заживување на културно-забавниот живот и афирмација на Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево на последната седница на советот покренаа Иницијатива за реализација на афирмативен културно-забавен настан со партиципативно учество на граѓаните и бизнис и НВО секторот во Делчево.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Иван Гоцевски на седницата која се одржа во петокот накратко ја образложи иницијативата а истата ја проседи и во писмена форма до Претседателот на Советот.

“Иницијатива за реализација на афирмативен културно-забавен настан со партиципативно учество на граѓаните и бизнис и НВО секторот во Делчево:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Одлука за реализација на афирмативен културно-забавен настан со елементи на стимулирање на Локалниот економски развој на Делчево.

Да се реализира поголем културно-забавен настан/манифестација на Летната сцена во Делчево во период помеѓу 10 јуни и 15 август (точен термин дополнително да се утврди) со музичко-сценски перформанс на отворено на кој што учество ќе земат афирмирани Македонски музички имиња проследено со дополнителни забавно-сценски активности и содржини. Настанот да се реализира во соработка со заинтересирани правни и физички субјекти од Делчево и поширокиот регион во насока на афирмирање на локалните традиции, култура, бизнис, граѓански сектор.

За реализација на овој настан да се направат напори од страна на општина Делчево и Советниците на Општина Делчево за обезбедување на финансиски сретства од спонзорства и донации од надворешни донатори по пат на јавен повик/ транспарентно и јавно во кој што ќе се вклучат сите заинтересирани страни.

За реализација на настанот да се обезбедат финансиски сретства од Буџетот на општина Делчево согласно расположливите можности.

Доколку нема на располагање веќе вработени лица во општина Делчево кои ќе ја спроведат оваа активност да се направи јавна иницијатива за формирање на Иницијативен одбор кој што ќе го спроведе целиот настан со лица волонтери кои што ќе се вклучат.

-стои во иницијативата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace