БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Моќни поединци на СДСМ Делчево во игра за пратеник- кој ќе се избори за место во парламентот?

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во предвечерие на Парламентарнита избори кои што ќе се одржат на 8 мај за избор на пратеници во Македонскиот парламент, во партиските кујни на локално ниво наголемо се лиферуваат имиња за можни кандидати за пратеници. Луѓето што ќе се најдат на кандидатските листи за пратеници уживаат доста привилегии платени со пари од Јавниот Буџет на граѓаните, така што влоговите и апетитите за оваа позиција се огромни.

Во контекст на рејтингот на политичките партии се поизвесна е победата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во поглед на бројката на освоени пратенички места во парламентот, па оттука се создава дополнителен притисок за апсирантите кои што својата иднина ја гледаат во парламентот од редовите на СДСМ.

Последната анкета пласирана во јавност зборува за освојување на 26,28 или евентуално 30 пратенички мандати од страна на СДСМ и нивната коалиција, што не овозможува доволен комодитет за ширење на бројот на добитни места на самите кандидатски листи кои што ќе ги понуди СДСМ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во Третата изборна единица според оваа анкета се предвидува 5 добитни места за СДСМ додека веќе 6 мандат им е многу проблематичен.

Во таква бројчана поставеност многу неизвесно е прашањето кој од актуелните функционери на СДСМ во Делчево ќе добие приоритет за да биде сместен на добитна позиција на листата со оглед на победничкиот статус кој што во минатото оваа партија го манифестираше на претходни избори.

Од партиски кулоари дознаваме дека во врвот на СДСМ Делчево особена заинтересираност да се најдат на кандидатската листа на пратеници имаат голем број поединци.

Актуелниот Градоначалник Горан Трајковски веројатно предничи на врвот на оваа листа со оглед на неговата победничка улога во претходните изборни циклуси. Тука во игра е и актуелната пратеничка Соња Михајловска која иако многу во собранието не се покажа во борба и заштита на интересите на Делчевчани сепак познавачи на состојбата зборуваат за нејзината фаворизирачка позиција. Исто така еден од можните кандидати е актуелниот Претседател на Општинската Организација на СДСМ во Делчево Влатко Величковски кој што има углед на бизнисмен во делчевската чаршија и е можно да биде поставен на листата. Еден од фаворитите кој што може да се најде на листата за кандидати за пратеници е актуелниот советник Кирил Тренчовски кој што е еден од најдолгогодишните истакнати функционери на СДСМ во Делчево со негово учество во работата на највисоките позиции во партијата, особено кога таа беше во длабока опозиција 10 години во минатото. Можеби еден од најзапоставените личности кој што може успешно да ги претставува гласачите на СДСМ во парламентот е актуелниот советник во Советот на Општина Делчево Дејан Георгиевски, кој има особен углед кај партиската база и членови а важи за добар човек кој што сака да помогне секому. Поранешниот претседател на Советот на Општина Делчево Драган Маневски е исто така во игра во партиските кулоари на СДСМ Делчево за да се најде на листата за пратеници за изборите на 8 мај.

Наспроти оваа огромна заинтересираност за обезбедување на место на листата за пратеници од СДСМ во Делчево, кај ВМРО-ДПМНЕ веќе е кристално јасна работата дека како Делчевец кој ќе се најде на листата на пратеници од оваа партија е Драган Ковачки кој што веќе е сигурно дека ќе биде носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Третата изборна единица.

Во минатото Делчево имаше свои пратеници во МАкедонскиот парламент кои секој на свој начин во рамки на неговите способности се покажа во неговиот избран работен ангажман како избраник на делчевчани, некој по арно, некој по лошо, некој по ништо посебно….

Едно е сигурно: Оние пратеници што ќе ги изберат граѓаните на Делчево како и граѓаните на Република Македонија како парламентарен состав во идниот парламент ќе бидат исправени пред сериозни предизвици со оглед на актуелното дно во кое се наоѓаме како држава и како општина.

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace