БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Монструм од Ново Село ја врзал својата 11 годишна ќерка која плаче и моли пред камера

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кривична пријава за насилство врз дете против маж од струмичко, насилно се однесувал кон 11-годишната ќерка

Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ.

На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател. Тој насилството го снимил со мобилен телефон.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на лекар од Медицински центар Струмица е извршен преглед над детето, при што се констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце, кај зглобовите. Известен е и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Струмица, од каде се преземени мерки за понатамошна заштита на детето.

Креирано од:


Пренеси го гласот