БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нова дигитална услуга на МВР, една од најбараните: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење.

Граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:
https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа:

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Апликација за дозвола за оружје
Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица
Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица
Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за  правни лица

Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина.

Креирано од:


Пренеси го гласот