Во Гевгелија на неколку локации од 17 до 19 август ќе се одржуваат различни културни и музички настани во склоп на „Мозаик фестивал – културна артикулација“.
– Петок (17 август) во „La Terassa“ од 21 часот ќе биде проектиран филмот „Blueberry Hill“, по сценарио и режија е на Јордан Дуков, а вечерта потоа ќе продолжи со настапи на Филип Динев Трио и Филч.
– Сабота (18 август) во библиотеката „Гоце Делчев“ ќе има промоција на книгата „Илустрирана библиска етика“. Се работи за графичка новела, чиј уредник е Иван Иванов.
– Недела (19 август) е закажан настан во кафе бар „U“. Таму ќе настапуваат Херзел и Михаил Петровски, додека по 01:30 часот фестивалот се сели во „Defacto“ со настапи на С.А.Ф. и Мосаик Колектиф.
Исто така, најавено и е специјално огнено и забавно шоу на Фазбабл и Владимир Баланс.



СЛИЧНИ ОБЈАВИ
НУБ “Св. Климент Охридски” Скопје достојно го одбележа денешниот празник
Фатена уште една голема пратка на дрога во Македонија
Вака изгледаат интензивните градежни работи на автопатот Тетово- Гостивар на Коридорот 8 од воздух