Заменик министерот Лазовски, на свеченото отворање на фестивалот, во преполната сала во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, им посака добредојде на присутните „Почитувани 53 –от Македонски театарски фестивал го прогласувам за отворен. Уживајте!“

Збор зеде и Градоначалникот на Прилеп кој изјави: „Вечерва Прилеп ги отвора вратите на храмот на Талија. Една недела градот ќе живее со театарската уметност, со 53-тото издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Љубителите на театарот со изострените критериуми низ годините, ќе анализираат, но пред сè ќе ја вдишуваат естетиката на говорот, на актерската игра, низ визурата на врвните режисери“.
„Да му посакаме на овој фестивал кој трае преку половина век, да трае уште векови и да ги радува идните генерации што доаѓаат“, порача и уметничката директорка Катарина Коцевска.
Годинешни лауреати, на наградите за животно дело се: актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов.

Распродадените карти за 53-то издание на „Војдан Чернодрински“, неколку дена пред почетокот на фестивалот се само потврда дека интересот на љубителите на театарската уметност и почитувачите на фестивалот е огромен.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Јавен повик за проектни апликации наменет за правни и физички лица од редовите на дијаспората, за 2026
Мециновиќ порача дека назначувањето на вмровецот Ацо Ристов за претседател на РКЕ ќе го оспори пред Енергетската заедница
Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието