БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

МВР го идентификувала сопственикот и еден од администраторите на “Јавна соба” на Телеграм

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја информираат јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршил идентификација на сопственикот како и еден од администраторите на групата “Јавна соба” на Телеграм преку која се реализирале незаконски дејства поврзани со малолетничка порнографија како и повеќе други незаконски дејства.

Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението упатено до јавноста од страна на МВР:

” Министерство за внатрешни работи, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со СВР Скопје извршија идентификација на сопственикот на групата „јавна соба“ со иницијали Д.К. од Скопје и еден од администраторите на групата со иницијали М.П. од Скопје. Во текот на истрагата преостанува да се утврдат останатите лица кои имале администраторски и модератороски улоги во групата. Со лицата извршен е службен разговор, а во текот на утрешниот ден во соработка со надлежниот јавен обвинител од ОЈО ќе се направат дополнителни консултации и ќе бидат презентирани доказите со кои располага МВР. Од страна на МВР ќе бидат направени дополнителни анализи на содржината која беше споделена во групата со цел утврдување други нелегални активност и сторители, согласно со КЗ. Паралелно на ова, МВР во соработка со „Телеграм“, презема активности за затворање на групата и добивање други релевантни докази од интерес на истрагата. МВР апелира до членовите на групата да ја напуштат на своја иницијатива.  “

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace