Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.Н.(61) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во 2008 година, зафаќајќи две негови парцели и две парцели во сопственост на државата во Македонска Каменица, противправно и без соодветно одобрение изградил објект од втора категорија, кој го опремил и ставил во функција како угостителски објект. После тоа, во периодот од октомври 2018 до септември 2019 доградил и отворена тераса со настрешница и кровна конструкција.
МВР поднесе Кривична пријава за бесправно градење за жител од Македонска Каменица кој изградил објект кој го користел за угостителски намени


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Учество на припадници на АРМ на меѓународна вежба во Турција “EFES 2026”
Славјанка Петровска: Среќен роденден, моја СДСМ
Македонија со значителен напредок во Реформската агенда презентиран пред амбасадорите на ЕУ