БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

на 7-ми и 8-ми ноември ќе се одржи Првиот Македонски конгрес за патишта

Пренеси го гласот

За првпат во Република Македонија се организира меѓународен стручен конгрес за патишта кој од страна на организаторите веруваат дека ќе прерасне во традиционален

Првиот Македонски Конгрес за патишта е организиран под Покровителство на Премиерот на Владата на Македонија, на иницијатива и во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а во соработка со Градежниот факултет (ГФ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Јавното претпријатие „Македонијапат“ и  Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАОИ).

Овој Прв Македонски конгрес за патишта се организира во чест на неколку големи јубилеи и тоа:

  • 70 години од основање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
  • 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје
  • 50 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија.

Во прилог на Конгресот е и големиот инвестициски циклус во патната инфраструктура кој се одвива во Македонија во висина од преку 1 милијарда евра, изразена преку изградба на 2 автопати, неколку експресни патишта и повеќе регионални патишта.

Теми на претстојниот Прв Македонски конгрес за патишта се:

  • Планирање и проектирање
  • Управување, изградба и одржување
  • Безбедност на сообраќајот на патиштата
  • Заштита на животната средина и одржлив развој
  • Инфраструктурни објекти
  • Транспортна политика и финансирање
  • ITS и нови технологии во сообраќајот
  • Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти

Од страна на организаторите ги повикуваат сите заинтересирани домашни и странски експерти да ги презентираат своите истражувања и искуства во областа на патиштата по предвидените теми.

За сите учесници на Конгресот предвидена е котизација, со скала на попуст за рано пријавување. За докторантите и студентите на постдипломски студии на Градежните факултети следи дополнителен попуст.

Истотака, поканети се сите домашни и странски компании да ја помогнат организацијата на овој голем меѓународен собир, преку промоција и реклама на нивните компании, со одбирањето на еден од спонзорските пакети.

Креирано од:


Пренеси го гласот