Во организација на Летната школа ја организира Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и оваа година во периодот од 17 август до 31 август 2023 година ќе ја организира 56-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Наставата ќе се одвива со секојдневни активности на учесниците насочени кон изучувањето на македонскиот јазик преку лекторски курсеви поделени според степенот на познавање на јазикот. Исто така, предвидени се секојдневни тематски предавања, кои ќе ги изведуваат универзитетски професори и истакнати научни работници.
Во вечерните часови е предвиден термин за презентации, промоции и интерактивни настани со кои ќе се збогати научната и културната понуда за учесниците. Во рамките на овие термини ќе се промовираат најнови научни и книжевни изданија, ќе се овозможат средби со познати македонски автори, ќе се овозможи проекција на документарни филмови од областа на културата и етнологијата.Во рамките на Меѓународниот семинар, од 1 до 3 септември ќе се одржи 50. Меѓународна научна конференција на која македонските и странските експерти ќе ги презентираат своите најнови истражувања од областа на македонистиката.
Доследно почитувајќи ја традицијата, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку предвидените активности на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во периодот од 17 август до 4 септември 2023 година во Охрид – градот на древните цивилизации, духовната традиција и на изворот на словенската писменост, постепено прераснува во летен Универзитет по македонистика.
На Летната школа лекторските часови и предавањата ќе ги реализираат универзитетски професори и научни работници од повеќе единици во состав на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје. Лектори ќе бидат наставници и соработници од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, кои се обучени за одржување настава по македонски јазик како странски, согласно стандардите на Европската рамка за изучување на јазиците и кои ги користат методите и стандардите на Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски.
Летната школа се реализира преку секојдневни лекторски часови поделени според нивото на познавање на јазикот и нивниот интерес на почетно, средно и напреднато рамниште (со три поднивоа: јазик, литература и превод).
56-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ ќе се одржи во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оддалечен (7км) од градот Охрид, сместен покрај брегот на Охридското Езеро. Членови на организациски тим се проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевскам-р Евдокија Илијевска
Извор: УКИМ
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година
Истрагата за струмичките фирми води до злоупотреби на ЈО, УЈП, Централен Регистар и Царинската управа. Парите од Еуростандард Банка биле префрлани во Турција
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите нa новиот бугарски амбасадот во Македонија