БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пробајте го преубавиот вкус на овој едноставен колач со јогурт и овошје

Пренеси го гласот

Потребни состојки:

  • 1 килограм бисквити
  • 1 литар јогурт
  • 50 грама шеќер во прав
  • 500 грама јагоди, измиени и исечкани
  • 300 милилитри крем за шлаг
  • Маргарин или путер

Издробете ги бисквитите во поголем сад, сипете го јогуртот и помешајте ги сите состојки. Додајте ги исечканите јагоди, па шеќерот во прав и убаво изматете. Намачкајте тепсија со маргарин или путер, па префрлете ја смесата во неа, притоа убаво распоредувајќи низ целата површина. Подгответе ја шлаг пената и намачкајте ја одозгора. Ставете го колачот во фрижидер, преку ноќ, со цел кексот целосно да омекне.

Креирано од:


Пренеси го гласот