БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за „Денови на кочанскиот ориз“ од 4 до 8 октомври 2022

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2022, годинава ќе се одржи од 4 до 8 октомври.

Во склоп на овогодинешната програма во перидот од 4 до 7 октомври ќе се одржат промоции на книги, средби со писатели во основните училишта во Кочани и литературни читања.

Централниот дел од манифестацијата, традиционалното зажнејување и вршидба ќе се одржат в сабота, на 8 октомври на оризовите полиња во с. Горни Подлог, Кочани.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во таа пригода ќе биде доделена наградата на најуспешниот оризопроизводител, ќе биде презентирана и дегустирана традиционална храна од ориз, а ќе се одржи и концерт на Ирена Спасовска со Маестро Бенд.

Истиот ден во Градскиот Парк во Кочани ќе се одржи целодневна програма исполнета со културно-забавни содржини со настапи од детските градинки, основните и средните училишта итн.

Со почеток во 13 часот свој концерт ќе одржи Зарина Првасевда со Ансамблот, додека во вечерните часови ќе настапат музички состави од Македонија, како што се групата „Паркети“ и групата „Дејзи“. Во склоп на целодневната програма е и дефилето и настапите на домашни и странски фолклорни групи.

Во текот на целиот ден граѓаните ќе имаат можност да ги посетат изложбените и продажни штандови со ракотвроби, производи,  изработки, органска храна итн.

Во продолжение е прикажана целата програма за манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2022 година од 4 до 8 октомври.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace