БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

Пренеси го гласот

Не можеш да заебеш Македонски народ со стапица-референдумско прашање!

Лекција која американската и нивните европски продолжени раце т.н. “тесла (на батерии)-булдужер” дипломатија ја научија на потешкиот начин и покрај скапо платените домашни апаши и слуги. Штетата по народот и државата е секако присутна затоа што токму тие слуги се платени со пари од буџетот на сите граѓани, што беше резултат на лекомисленоста и поделеноста на народот од претходните неколку години кога дивееја шарените орди низ Скопје и ширум државата.

Ден денес голем дел од тие орди се на влијателни и моќни функции во државата- повторно платени од парите на граѓаните, без ни малку око да им трепне да се помачат со работа која ќе ги одвои од нивната кожурка на пијавици. Токму ваквите пијавици се канцерот кој што го разјадува здравото Македонско ткиво на сите нивоа во државата.

Денеска 4 години подоцна од референдумот на 30 Септември 2018 година кога Македонскиот народ преку громогласен бојкот се спротивстави на волјата и моќта на целокупниот про-западен геостратегиски апарат, не е ни малку пред решение на своите проблеми. Баш напротив државата е уште повеќе клекната на колена во која власта од една страна коленичи додека апашува од друга страна, народот е се посиромашен, иднината е се понепредвидлива….И повторно сето тоа е резултат на претходно направените избори, решеност за коленичење, поданички менталитет и заробеност на умот и колективната перцепција за вистинските вредности.Добро е што низ Македонија се веат Национални знамиња како никогаш претходно, добро е што пламти бунтовниот дух на Македонскиот слободарски менталитет, добро е што бројот на освестени и горди граѓани е зголемен и може да се фузира во заедница на колективен активизам за да продолжи борбата за историската вистина и вредност за постоењето на Македонскиот идентитет… од антика до денес…Референдумот на 30 септември ја распламте задреманата идеја за слобода, право за постоење и напредок како Македонци.Понекогаш од време на време низ историјата на чуден начин е можеби добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски, за да Македонскиот народ свати што е лошо за Македонскиот опстој…Да си ги препознае грешките олицетворени низ едни вакви ликови за да има историски историски тек вечната борба за слобода.Зошто слободата е таа што е нападната!Нека биде волјата на народот!Да живее 30 Септември!

Пишува: Кирчо Анастасов

Креирано од:


Пренеси го гласот