БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Дојде и тој ден: Љубомир Фрчковски зборува за автокефалноста на МПЦ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Искажаниот став на секој еден поединец кога е во функција на јавното добро и јавниот интерес е богатство кое треба да го негува и охрабрува секоја една развиена демократија.

Но кога Љубомир Фрчковски дојде ред да зборува за автокефалноста на Македонската Православна црква, за познавачите на ликот и делото на овој поранешен функционер на СДСМ во нивните највисоки ешалони, а тоа не наидува на соодветен одговор во јавноста сериозно е дојдено времето за аларм и преиспитување на прерогативите на Македонската демократија.

Најперверзната човекова немоќ на политичкото милје во Македонија се состои од злоупотреба на најинтимното човеково чуство-неговата вера во политички цели.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

А кога токму тоа го прави професор од Правниот факултет во Скопје, чија прва лекција на неговите часови треба да биде секуларноста на државата, човек гледајки отстрана може само да се насмее на подбив на еден таков јавен израз на било кого што црквата на својот народ ќе ја стави во политички контекст. Но човек кој пред себе ќе ги има умислите во главата на еден политички “габарит” како Љубомир Фрчковски тогаш неминовно е потребен еден попосветен пристап за анализа на причините што довеле до тоа Љубомир Фрчковски да тврди дека црквата влегува во подреденост на српската црква влегувајки во некаква парцијална српска автокефалност при што според Фрчковски МПЦ ја жртвувала својата општа автокефалност.

Промашувањето на суштината на постоењето на една научно правничка мисла да зборува за теми од правен професионален аспект и впуштање во интерпретација на црковни прашања од страна на професор по право, поранешен политичар и аналитичар чија што партија е политички контотинуитет на политичка организација која рушела своевремено цркви низ Македонија, во најмала рака е несериозно, но во случајот со Љубомир Фрчковски тоа не е ниту наивно ниту несериозно.

Човеков во своето интервју на еден свој подкаст со обидот за дискредитација на црквата се обидува да ги урниса (по којзнае кој пат) идентитетските столбови на постоењето на Македонската самобитност како мегафон на една анти Македонска политика чија што снага и жестина ја видовме во минатото а најмногу во мандатот на владата на Зоран Заев која посега и го смени името на Македонија

И токму во тоа се состои потребата на овој интелектуален “гигант” да контролира се во државата мешајки ја политиката со црковните прашања, што како лајт мотив се провлекува во целокупното постоење на СДСМ во изминатите 35 години.

Креирано од:


Пренеси го гласот