БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Скопје домаќин на светско првенство со над 5.000 танчери од повеќе од 40 држави во 2027!

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Утре 29 септември 2026 година (вторник) во прес салата на “T Arena” која се наоѓа во рамки на Спортскиот центар “Борис Трајковски” во Скопје ќе се одржи прес конференција за најава првенството во модерни танци IDO HipHop & Breaking World Championships 2027, кое ќе се одржи во Скопје, од 4 до 14 октомври 2027 година, со очекувано учество на над 5.000 танчери од повеќе од 40 држави.


Прес конференцијата е закажана за 11:00 часот на која се најавува присуство и обраќање на
:


• Трајче Петковски – организатор на првенството;
• Данијел Апостоловски – директор на „Т Арена“, во склоп на СЦ „Борис Трајковски“.
• Панче Димов – претседател на Македонската асоцијација на модерни танци – МАМТ;
• Фиона Џонсон – виш потпретседател на IDO (Senior Vice President);
• Роберт Планутис – САД;
• Пјотр Патлашински – Полска.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во рамките на прес-конференцијата ќе се одржи и потпишување договори за стратешко партнерство со Американската танцова федерација, претставувана од нејзиниот претседател, како и со Полската федерација. Овие партнерства се насочени кон зајакнување на меѓународната соработка и создавање нови можности за развој и промоција на танцот.

Пред медиумите ќе бидат претставени концептот на светското првенство, планираните активности и подготовките за неговата реализација, како и значењето на домаќинството за Скопје и Македонија.

Настанот ќе обедини илјадници танчери, тренери и танцови професионалци од целиот свет, отворајќи значајна можност за меѓународна промоција на градот и на македонската танцова сцена.

Креирано од:


Пренеси го гласот