БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Една сцена, двајца уметници и безброј емоции: Марко Милошевиќ и Борис Режак со „Поезија и песни за животот“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Две познати лица, две препознатливи енергии и една заедничка приказна која наскоро ќе биде раскажана и пред домашната публика, и тоа низ музика и поезија. Марко Милошевиќ и Борис Режак со проектот „Поезија и песни за животот“ пристигнуваат со три концерти во три града – Битола, Скопје и Охрид.

Една сцена, двајца уметници и безброј емоции. „Поезија и песни за животот“ е вечер во која стиховите и музиката се среќаваат таму каде што зборовите понекогаш не се доволни. Средба во која песните и стиховите отвораат простор за емоции, сеќавања и лични приказни, а публиката станува дел од таа заедничка атмосфера.

Првата средба со публиката е закажана за 15 октомври во Центарот за култура во Битола, следниот ден, 16 октомври, Марко Милошевиќ и Борис Режак ќе настапат во Македонската филхармонија во Скопје, а на 17 октомври ќе гостуваат во Центарот за култура „Глигор Прличев“ во Охрид.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Три града, три сцени, три вечери – една приказна која се раскажува со стихови, песни и емоции. Ова ќе бидат вечери што не се објаснуваат. Вечери што се чувствуваат.

Билетите се пуштени во продажба преку мрежата на e-ticket.

Креирано од:


Пренеси го гласот