Брегалнички Портал

Вести од Брегалничкиот регион.

Најава за Менса тестирање во Штип за сите граѓани кои сакаат да дознаат колкав IQ поседуваат

Пренеси го гласот

Менса Македонија за прв пат по подолг период ќе организира тестирање на интелигенција во Штип, на 25.11.2023 (Сабота) со почеток во 12:00.

Имате над 16 години и сакате да дознаете колку е Вашиот IQ?
Тестирајте се и дознајте. Тестирањето трае 20 минути.
Резултатите ќе ги знаете само Вие!

Менса Македонија за прв пат по повеќе од 10 години организира ТЕСТИРАЊЕ на општата интелигенција со цел прием на нови членови во Штип, на 25.11.2023 (сабота), во 12 часот, на Факултетот за Информатика при Универзитетот “Гоце Делчев“.

Кандидатите е потребно:
– да имаат наполнето 16 години до денот на тестирање,
– да уплатат 500 денари на уплатница:
примач: Менса Македонија,
сметка: 300-0000002113-02 Комерцијална банка,
цел на дознака: Тестирање
и да го пополнат формуларот:
https://forms.gle/E1wVsJzTAEhYWQcMA
Најдоцна до 24.11.2023.

На самото тестирање треба да понесат документ за лична идентификација, од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци, и да не се тестираат повеќе од трет пат.

bregalnickimarketing

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни.
Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.
Придружете ни се!

Креирано од:


Пренеси го гласот