Во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Ресторанот „Златна Москва“, Свети Николе на 25, 26 и 27 во Свети Никколе ќе се одржи новогодишниот базар кој што прерасна во традиционална манифестација која го збогатува новогодишното расположение за светиниколчани.
Од организациски аспект овео четврти по ред новогодишен базар ќе биде најбогат со понуда на голем број содржини кои ќе се обидат да го окупираат вниманието на сите посетители на базарот.
Притоа се повикуваат сите заинтересирани физички или правни лица кои имаат интерес да земат учество на новогодишниот базар да се пријават преку интернет регистрационата форма достапна тука.
Пријавувањето за штандови на базарот е бесплатно ќе биде достапно најдоцна до 20-ти декември 2019.
Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението за настанот на организаторите:
“Четврта година по ред го организираме нашиот Новогодишен фестивал и базар!
Новогодишниот фестивал и базар ќе се одржи на 25, 26 и 27 декември, секој ден од 17:00 до 21:30 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Ресторан „Златна Москва“ • Свети Николе во Св. Николе.
📽️ Со најбогата програма досега, годинава за првпат во рамките на базарот ќе ги прикажуваме и најновите филмски хитови во нашето ново 3D кино – Киноверзум.
🎤📸🎨 Подготвуваме и караоке забави, стенд ап шоу, детско катче, повеќе фото-зони, вечер на вино и уметност, како и театарски претстави. Влезот на базарот е бесплатен, но за некои од активностите ќе се наплаќаат влезници.
Финалната програма ќе биде објавена кон средината на декември. Доколку имате супер идеи и предлози за програмата, или би сакале да се вклучите во кулурно-забавниот дел, Ве молиме контактирајте не на bazar@msu.edu.mk.
На фестивалот ќе биде организиран новогодишен базар со магични дрвени куќички, рачно изработени празнични декорации, книги, варено вино и можност за организација на фамилијарна празнична вечера со избор од три менија со традиционални македонски специјалитети.
🍽️ За резервација на фамилијарна празнична вечера за време на базарот, можете да се обратите на bazar@msu.edu.mk, по што ќе Ви бидат доставени менијата.
Пријавувањето за штандови на базарот е бесплатно ќе биде достапно онлајн најдоцна до 20-ти декември 2019.
Што обезбедуваме ние за ракотворците?
• Бесплатен штанд за изложување на ракотворби;
• Два часа за подготовка на штандот пред почеток на базарот;
• Сертификат за учество;
• Златна плакета за најдобро декориран штанд (ќе биде избран еден штанд со гласање од посетителите). “
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Кочани донираше 3 милиони денари на Црвен крст – помош за настраданите во несреќата
ДЗР: ЈП „Исар“ Штип се соочува со финансиски и еколошки предизвици, поради што генерира со 60% загуба на вода, 25,2 милиони денари обврски и отсуство на дозволи
Во Делчево куче каснало малoлетничка, сопственикот на кучето заработи кривична пријава