БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за отварање на Центар за услуги “Една точка за услуги” на Владата во Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во Делчево е во тек реализација на градежно-занаетчиски работи и опремување на простории за имплементација на проект за воспоставување на нов Центар за услуги за граѓаните на општината од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за дигитална трансформација.

За денеска е најавена посета на Делчево од страна на Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој што ќе направи увид во работата на досегашните активности и динамика за реализација на овој проект за делчевчани.

Во рамки на заложбата на Владата на Република Македонија за градење сервисен систем на јавни услуги и ефикасна јавна администрација, со цел граѓаните да добијат подобри и поефикасни услуги, се реализира проектот со кој се воспоставени и опремуваат деловни простории – Центри за услуги, именувани како „Една точка за услуги“, со што им се овозможува на граѓаните на едно место да добијат услуги и информации и од различни државни и јавни институции

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Проектот „Една Точка за Услуги“ подразбира воспоставување и опремување на деловни простории – Центри за услуги, именувани како „Една точка за услуги“, со што се овозможува на граѓаните на едно место да добијат информации и услуги од различни државни и јавни институции по принципот на „едно шалтерски систем“. Или се подразбира дека во ЕТУ Центрите, граѓаните на еден шалтер може да добијат услуги и информации кои се обезбедуваат од различни државни и јавни институции.

Министерството за дигитална трансформација досега има воспоставено 9 центри за услуги „Една Точка за услуги“ во Скопје (2), Охрид, Битола, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово и Општина Јегуновце. Во овие центри вработени се административни службеници од Министерството за дигитална трансформација и истите посредуваат за 200 електронски услуги кои се достапни директно преку Националниот портал Uslugi.gov.mk.

Во овој Центар за услуги граѓаните ќе може да извадат повеќе видови на документи како што се уверение за државјанство, уверение за податоци за стажот на осигурување, образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување, историјат на работни односи, потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, податоци на физички лица од кредитниот регистар и други. Во Центарот ќе бидат услужени сите граѓани на Делчево при што ќе им бидат ставени на располагање сите релевантни информации во врска со процедурите и потребните појаснувања.

Креирано од:


Пренеси го гласот