Во вторник на 07.06.2022 година во скопски хотел во центарот на градот ќе се одржи промоција на долгоочекуваниот студиски албум на македонскиот поп-рок состав НЕКСТ ТАЈМ. Изданието е насловено едноставно “Мајка” а на промоцијата фановите на бендот ќе имаат можност да проследат концертна изведба на дел од песните што ги содржи.
“СО ГОРДОСТ
Ви го најавуваме нашиот најнов Албум МАЈКА.
Големата промоција на Албумот ќе се одржи на ден 07.06.2022 во СКОПЈЕ МЕРИОТ ХОТЕЛ во 20:00 часот, во главната сала за настани на втори спрат.
Промоцијата е од отворен тип, и ќе имаат можност сите оние кои ја сакаат и ја поддржуваат нашата музика, да присуствуваат и да уживаат во мини концертната изведба на дел од песните што се наоѓаат на самиот Албум.
Албумот се изработуваше долг период под палка на Nikola Micevski , а е снимен и мастеризиран во XLstudio Momiroski.
На албумот има девет (9) композиции од кои една е Бонус трака за песната “Ја излези Ѓурѓо”, која што е во ново руво и во дует со Lozano – Vlatko Lozanoski
Веруваме дека ова е нешто што ќе остане!!!
ВАЖНО!!!
Албумот МАЈКА ќе може да се купи само на самата промоција, и ќе биде во лимитиран број
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!
#majka#newalbum#nexttimeband#newmusic“
-стои во најавата упатена до јавноста на НЕКСТ ТАЈМ- бендот кој ги одбележа последните неколку години со вонвременски преработки на едни од најубавите македонски народни песни во модерен поп-рок стил.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
ВО МАГИЧЕН АМБИЕНТ ВИКЕНДОВ СЕ ОДРЖА „ПОТОЧИЊА 2026“
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости