БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Радосна вест: Потпишани налозите за исплата на субвенции за тутунарите. Ќе објавиме пак кога ќе започне исплатата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска преку социјалните мрежи Министерот за земјоделие Љупчо Николовски пренесе радосна вест за тутунарите. Станува збор за објава дека директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој Никица Бачовски ги потпишал налозите за исплата на субвенциите на околу 20 илјади земјоделци кои се занимаваат со производство на тутун.

“🤝Ветувањето што го дадовме пред тутунарите го исполнуваме! Денеска директорот на Платежната агенција Nikica Bachovski ги потпиша сите налози и тие веќе се испратени до Министерството за финансии. ✅Веќе наредна недела 1.3 милијарди денари ќе бидат пуштени на сметките на околу 20.000 тутунопроизводители. Грижата за секој еден земјоделец продолжува, и во време на светска криза, подаваме рака таму каде е најпотребно, и работиме во интерес на земјоделците.

#МЗШВ#работа#ефикасност#резултати“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

-напиша на социјалните мрежи Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Креирано од:


Пренеси го гласот