БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На автопатот Штип-Свети Николе во сообраќајна незгода животот го загуби едно лице

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Триесет и едногодишен маж од Велес кој упаравувал со мопед загина при судар со автомобил на автопатот Штип-Свети Николе кај штипското село Кривидол, информира портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Панајотова додава дека автомобилот кој се судрил со мопедот бил со скопски регистарски таблички, а во несреќата учествувале уште две други возила. Полесно се повредени и возачот на автомобилот мерцедес и двајца негови сопатници кои се малолетни лица. Од страна на Итната медицинска помош се пренесени на лекување во Клиничката болница во Штип.

Според очевидци, несреќата се случила поради возењето на мопедот кој бил без регистарски таблички во спротивна насока на автопатот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На местото на несреќата увид имаат извршено крим техника на СВР Штип и основен јавен обвинител.

Креирано од:


Пренеси го гласот