Денеска во центарот на Виница беа одбележани 24 години од смртта на Македонскиот бранител од војната во 2001 ва година Капетан Кирчо Димитриов од Виница.
Градоначалникот на Виница Миле Петков заедно со претставници на локални институции и организации положија букети со свежо цвеќе пред бистата на загинатиот бранител.
“24 година по ред се собираме овде заеднички уште еднаш јавно да искажеме почит кон ликот и делото на нашиот херој Капетан Кирчо Димитриов, кој загина во воените дејствија во 2001 година во близина на Танушевци, бранејќи го суверенитетот и интегритетот на македонската земја.
Капетан Кирчо загина тогаш кога можеби македонската држава ги преживуваше најтешките моменти од својата понова историја, тогаш кога можеби на неговата татковина и беа најпотребни токму такви херои, бранители.
Со неговата смрт Македонија изгуби човек, но доби вечен граѓанин за пример.
И после 24 година не стивнуваат емоциите во кои се испреплетува доза на огорченост и револт од неправедната смрт на 75 припадници на македонските безбедносни сили.
Капетан Кирчо Димитриов загина за да живее вечно во македонската историја, но хероите не умираат.
МАКЕДОНИЈА нема да ги заборави своите бранители ….
Вечна им слава на Кап. Кирчо Димитриов, на Водник Дејан Јакимовски, војник Теодор Стојановски, како и на сите бранители припадници на безбедносните сили кои ги положија животите за наше посигурно и посреќно утро ….”
-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на Виница Миле Петков.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во делчевскиот Совет поднесоа БАРАЊЕ за ставање во функција на регионален пат село Разловци- село Митрашинци
Акција за озеленување на јавни површини во Кочани
Лекар во Клиничката болница во Штип физички нападнал свој колега за време на операција