БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наќе Чулев доби отказ од МВР: Вака изгледа стравот од соочување на власта со народот

Пренеси го гласот

🗣️Опасни последици следат за сите политичари и владетели кои ги забораваат моралните принципи – Далај Лама

‼️По претходна суспензија добиена во монтиран случај, денес на прагот на новата година и во пресрет на големите верски празници, во мојот дом ми беше врачено решение за отказ.

👉Доставата на решението беше изведена на најнехуман начин од страна на неколку припадници на Агенцијата за разузнавање. Јас не бев дома, а тие, заедно со обезбедување, упорно ѕвонеле на вратата. Кога детето, кое спиело, излегло се исплашило и шокирало од толку многу луѓе пред вратата кои го барале татко му како да е најголем криминалец, а не како човек кој целиот свој живот и кариера ги посветил на одбраната и безбедноста на татковината.

⁉️Дали на ваков начин се доставуваат сите решенија за отказ во Агенцијата за разузнавање?Знаеме дека има многу други начини како може да се врачи решението. Ниту некогаш сум бегал, ниту пак сум се криел од некого. Иако сето ова е голема неправда, уверен сум дека многу брзо граѓаните на Македонија ќе ја согледаат вистината и ќе застанат на вистинската страна.

🔚 Веројатно, вака изгледа стравот од соочување со народот, губење на власта и на позициите. Но, никој не е вечен. Секој кој направил кривично дело, на било кој начин ја злоупотребил позицијата или ги прекршил процедурите, ќе одговара пред законот.

✅ Јас сум човек, професионалец кој чесно и одговорно си ја извршувал својата работа, без ниту една дамка во кариерата. Секогаш сум бил отворен за сите и секогаш сум работел за граѓаните.. Така ќе биде и во иднина. Доаѓаат поубави времиња

bregalnickimarketing

🇲🇰 Нека ни е вечна Македонија!

-интегрален текст на соопштение до јавноста од поранешниот Министер за Внатрешни работи Наќе Чулев.

Креирано од:


Пренеси го гласот