БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На местото на поранешен ендек со неколку дивоградби, Градоначалникот на Делчево изгради современа улица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Тоа што до пред неколку месеци беше стрмен ендек преку кој на раце ги пренесуваа возрасните и болните луѓе од дел од населбата Стар Расадник во Делчево, денес е современа асфалтирана улица.

Денеска заврши асфалтирањето на дел од улицата Видое Смилевски Бато во населбата Стар Расадник во Делчево со што жителите на овој дел од населбата покрај ендекот “Грозданец” добија нова современа сообраќајница безбедна за сообраќај.

Комплексноста на овој проект во неговата реализација беше максимално сложена бидејки стануваше збор за траса на која што имаше неколку диви објекти, карпеста подлога подложна на лизгање, и екстремно ерозивно земјиште во определен дел за што ораа да се преземаат посложжени инжинерски интервенции се до конечна финализација на проектот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

За потребите на стабилизирање на улицата беше изграден и поголем потпорен ѕид кој што се протега по поголем дел од должината на улицата.

Во врска со завршувањето на овој проект градоначалникот сподели свое соопштение во јавноста не криејки го своето лично задоволство од реализацијата на изградбата на овој дел од улицата:

“ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ РЕАЛИЗАЦИИ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД!

Целосно завршена е улицата „Видое Смилевски-Бато“ во населбата Стар Расадник!

Од изградбата на потпорниот ѕид, до целосно нов асфалт и уредување на улицата, проект со кој решаваме долгогодишен проблем и создаваме современа, безбедна и функционална сообраќајница за жителите.

Оваа реализација е уште еден пример дека со посветена работа и поддршка од Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски, проектите кои со години се очекуваат можат да станат реалност.

Улицата е нова, условите се подобри, а Стар Расадник добива инфраструктура каква што заслужува!”

‘-напиша на социјалните мрежи Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски во врска со денешното завршување на изградбата на овој дел од улицата Видое Смилевски Бато во населбата Стар Расадник.

Креирано од:


Пренеси го гласот