Македонско еколошко друштво во соработка со „МТБ Исток“ и СК „Москито“ од Кочани го одбележa Денот на Зелениот појас. По тој повод беше организирана велосипедска тура под назив „По патека на Железната завеса“.
Оваа тура е само една од низата активности за дополнителна промоција на вредностите на Осогово, кои се од национално и европско значење. Посакувам сите заеднички да дејствуваме и да дополнуваме уште многу природни и туристички локации на картата на Осоговскиот Регион
– рече Деспина Китанова од Македонското еколошко друштво.
Нашата земја, како дел од иницијативата „Европски зелен појас“, трета година по ред го одбележува овој значаен ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите предели коишто се дел од Балканскиот зелен појас. Иницијативата „Европски зелен појас“ се стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на Студената војна. Еколошката мрежа „Европски зелен појас“ поминува низ 24 европски земји.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ученици од Кајсери Турција, во рамки на Еразмус + програмата во посета на Пробиштип
Во општина Кочани мора да владее законот: Пристигна оставката на директор на ООУ „Никола Карев“. Почнува постапка за избор на нов директор
Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“