БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

“На прав пат”- Се одржа трибина на СДСМ во Делчево со голем број гости од околните општини

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Синоќа во Спортската сала при СОУ “М.М. Брицо” во Делчево под мотото “На прав пат” се одржа партиска трибина на владеачката СДСМ.

На трибината говореа Горан Трајковски-актуелен Градоначалник на Општина Делчево, Мила Царовска- Министер за труд и социјална политика како и Зоран Китанов-Директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Она што беше забележливо околу спортската сала при гимназијата во Делчево е големиот број на патнички возила со регистарски таблички од околните градови во регионот како и од Скопје.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжени објавуваме повеќе фотографии кои сведочат за невообичаено големото присуство на патнички возила од други места за време на трибината на СДСМ во Делчево:

Инаку партиската трибина започна нешто после 20 часот а говорниците секој од доменот на работата во нивните институции платени со парите на граѓаните ги афирмираа политиките на СДСМ.

Интересно е што пред присутната публика ниту еден од говорниците не спомна ништо за недобивањето на датумот за преговори со ЕУ за што дел од овие говорници јавно се залагаа пред граѓаните во екот на кампањата која ја спроведуваа за промена на името на државата и идентитетот на народот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace