БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најубавите настани од 2018 година претворени во илустрации

Пренеси го гласот

Маестралниот Мауро Гати се потрудил да ги собере сите позитивни информации ширум светот, и да направи илустрации од истите.

„Не сум новинар или инфлуенсер, но сакам да ја искористам мојата уметност за да ширам позитивност. Поради тоа сакам да споделам некои од позитивните вести ширум светот од оваа година со надеж дека ќе ве усреќат и ќе ве инспирираат да го направите истото.“

изјавил Мауро.

– Уметност, технологија, храна, наука, човекови права, права на животните… Навистина напреднавме многу, па погледнете ги најпозитивните достигнувања за оваа година.

– Шкотска е „првата држава во светот“ која им дава санитарни продукти на жените со мали приходи и на студентите.

– Франција е првата држава што им забрани на супермаркетите да го фрлаат вишокот храна. Мораат да ја донираат неискористената храна или да платат казна.

– Судот во Јужна Кореја објави дека убивањето на кучињата за месо е нелегално.

– Португалија ќе го забрани користењето на дивите животни во циркуси до 2024-та година со нов закон од парламентот.

– Бројот на тигри во дивината во Непал речиси се дуплира за помалку од една деценија

– Калифорнија стана првата држава што го спречи тестирањето на животни на продукти за убавина.

– Лекарите во рурална Руанда сега можат да порачаат крв и медицински лекови по порака кои им се доставени со дрон.

– Џиновските панди повеќе не се во опасност и Кина ќе изгради огромен парк за нивна конзервација кој чини 1,5 милијарди долари. – Франција стана првата држава во светот што ги забрани сите пет пестициди што убиваат пчели.

– Популацијата во данските затвори е најниска во Европа и тамошните затвори се претворени во домови за бегалци.

– Забраната за возење на жените во Саудиска Арабија официјално е завршена. За прв пат во историјата жените од Саудиска Арабија можат да седнат зад волан.

– Продажбата на безалкохолни пијалаци во САД паѓа веќе 12-та година по ред, благодарение на едукацијата на потрошувачите и новите даноци за шеќер.

– Смртта од рак на дојката е намалена за 39%, спасувајќи ги животите на 322.600 жени.

Креирано од:


Пренеси го гласот