БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Надлежните во Виница голем фокус посветуваат на јавната чистота во сите населени места во општината

Пренеси го гласот

Во континуитет повеќе месеци наназад надлежните во Јавното претпријатие “Солидарност” во Виница огромно внимание посветуваат на јавната чистота во општина Виница.

На секојдневна основа вработени во ова јавно претпријатие со целиот свој капаците се присутни низ населените места низ општината и населбите во градот во функција на подобрување на нивото на јавна чистота за граѓаните. Притоа покрај навременото подигање на комуналниот смет, чистењето на ампалажа и предмето оставени на несоодветни места, вработените во ЈП “Солидарност” посветуваат и на расчистување на непосакуваната природна вегетација како и хортикултурно уредување на целиот амбиент во општината.

Истовремено од ЈП “Солидарност” апелираат во јавноста граѓаните со свој личен пример да придонесат кон задржувања на убавиот изглед на општината ослободена од неуредени јавни и приватни простори.

“Дел од дневните активности на ЈП „Солидарност“ 28.07.2022 година:

✅ Чистење, метење и косење на централното подрачје во с.Трсино.

✅ Отстранување паднати дрвја и гранки од невремето во Градски парк.

✅ Продолжуваме со приклучување на корисници на реконструираната водоводна мрежа на ул. „Христо Узунов“.

✅ Контрола и чистење на канализациони шахти низ градот како последица од невремето.

✅ Чистење и изнесување на вишок земја во градот на места каде се вршеа санирање на дефекти, приклучоци и други интервенции на водоводната и канализациона мрежа.”

.-стои во извештајот за дневни активности на ЈП “Солидарност” од Виница за .28.07.2022 година.

Креирано од:


Пренеси го гласот