БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Булеварот “Македонија” во Делчево при секои помали врнежи се претвара во бара. Надлежните немаат решение за проблемот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако беше реконструиран во 2020 година Булеварот “Македонија” кој што е дел од меѓународниот пат А3 кој што води до бугарската граница, при секои помали врнежи на дожд се претвора во заезерена бара која што претставува опасност за возачите на овој дел од патот. На потегот од бензинската пумпа на Макпетрол па се до градските семафори во Делчево една од клучните сообраќајници во Делчево го нема решено проблемот со атмосферските води поради што со секоја појава на дожд сликата на заезерена вода на коловозот станува кошмар за граѓаните кои што се движат по оваа сообраќајница.

Реконструкцијата на овој булевар која што со снимки од дронови од страна на СДСМ беше бомбастично промовирана во 2020 година во функција на добивање на политички поени пред изборите таа година, но проблемите на граѓаните останаа да тежат и по изборите кои што тогаш владеачката СДСМ ги доби во Делчево. Дополнително како проблем се издвојува фактот што т.н. реконструкција се состоеше единствено од поставување на нов асфалтен слој без притоа да се заменат распаднатите бетонски рабници на коловозот кои што се во толку лоша состојба што ја оневозможуваат сопствената функција. Поради тоа во брзо време се наметнува потребата за поставување на нови рабници на коловозот, што од изведбен аспект ќе подразбира оштетување на веќе поставениот асфалт за што дополнително ќе се трошат пари на граѓаните.

За ваквото неспособно однесување на властите своја реакција во јавноста упатија и од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево кои апелираат за побрзо решавање на овие проблеми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Реконструираниот булевар Македонија со кој што пред неполни 2 години се фалеше градоначалникот Горан Трајковски денес при секој помал дожд се претвора во бара. Неспособноста на власта предводена од кадрите на СДСМ оди дотаму што трошејки народни пари, предизвикуваат дополнителни проблеми кои можат да предизвикаат огромни последици.

На ваквиот проблем со оваа заезерена вода која е опасност за возачите, се надоврзува и проблемот на дотраените ивичњаци кои за да се променат ќе треба да се раскопува асфалтот платен од пари на граѓаните.

Оваа штетна и неспособна власт треба што е можно побргу да замине во историјата. Вакви слики не смеат да бидат репер за успешност и подобро утре.”

-стои во партиската реакција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace