БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Народот на Горда Македонија од пред влада упати силна порака на чело со Гордана Силјановска Давкова

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Вчерашниот митинг на кандидатот за претседател на Република МАкедонија Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија” на најубав начин упати громогласна политичка порака за иднината на Македонија.

Гордана Силјановска Давкова својот говор пред повеќе десетици илјади народ пред Владата на Република МАкедонија го започна со вредностите на АСНОМ чија што 80 годишнина од неговото одржување во 1944 година се паѓа токму во оваа 2024 година.

Давкова понатаму направи краток осврт на штетните политики на власта во заминување како и досегашниот претседател Стево Пендаровски во однос на декларативните евро-перспективи на државата и народот кои со СДСМ, ДУИ и Стево Пендаровски во изминатите 7 години доживеаа целосен дебакл со изолација на Македонија и Македонскиот народ како никогаш досега.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Силјановска Давкова потоа наброи повеќе програмски определби од нејзината програма истакнувајки дека ќе прави се што не го правеше актуелниот претседател Стево Пендаровски.

Давкова истакна дека ќе ги врати граѓанските канцеларии- канцелариите на народот преку кои како Претседател на Република Македонија ќе ја врати оваа функција помеѓу народот.

“Јас сакам да бидам со народот”- поентираше Гордана Силјановска Давкова во својот говор.

Ингеренциите кои ги има Претседателот во надворешната политика со Силјановска на оваа функција ќе добијат целосна синхронизација со Владата но и со определбите на народот.

Силјановска ја изрази својата определба и решеност да биде активен соработник со парламентот но и нејзиното право да биде гласна во несогласувањето со евентуалните погрешни политики кои ќе прострујат низ законодавниот дом.

Гордана Силјановска Давкова понатаму направи осврт на состојбите во судско обвинителската власт и како таа ќе ја подобри состојбата во овој значаен сегмент кој што е под нејзини ингеренции.

Како врховен командант на вооружените сили таа исто така соопшти дека ќе биде проактивен чинител.

Целиот говор со детали од синоќешниот митинг пред владата на Гордана Силјановска Давкова проследете го во продолжение:

Креирано од:


Пренеси го гласот