Во врска со фалсификуваните документи кои што во јавност ги лиферуваше Фуркан Салиу како и СДСМ на официјални партиску прес конференции и соопштенија, ВМРО-ДПМНЕ најави повеќе аргументи и детали за утрешниот ден со кои што ќе биде во целост разобличена оваа шема која што владеачката СДСМ ја спроведува соочени со драстично малата доверба и рејтинг од граѓаните пред изборите на 8 мај.
“Во текот на утрешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе ја открие целата шема на фалсификување на лажни вести и документи од страна на СДС.
Тоа е мрежа во која се вклучени и злоупотребени државни институции и највисоки политички личности, со поддршка од странски платеници исплаќани во готово.
Прибегнувањето кон фалсификување е најдобар доказ дека власта е нервозна, и дека губи.
Истите инспиратори и платеници меѓу кој и израелскиот мешетар Асаф Еисин кој работи за СДС, дојде со понуда за креирање на слични лажни вести и документи во ВМРО-ДПМНЕ, и беше избркан од партијата. Очигледно, СДС и Ковачевски го прибрале. Асаф нема да ги спаси од катастрофалниот пораз. Но и Асаф, и Зечевиќ и Ковачевски треба да се подготват да одговараат веднаш по промената на власта.”
-стои во партиското соопштение упатено до јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Здравјето почнува со добри навики: dm поддржа панел за машкото здравје и понуди dmBio и Sportness закуски на Health & Fitness Forum 2026 во Скопје
Објавен е „Буле и Куле мамкини и таткини“ – роман за младешкиот бунт и светот на возрасните
Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026