Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од синоќешниот протест пред Владата ја констатираше победата на граѓаните кои протестираа против крчмарската политика на Зоран Заев со која беше подготвен да го продаде Македонскиот идентитет во рамки на преговорите со Република Бигарија во кои без капацитет, знаење и стратегија се впушти самиот Заев.
“Народот спречи Заев сè да потпише, се уплаши од народот од македонските градови и села!!!
Бидете горди еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би ни помислил.
Заради вас, заради сите кои излегувате на улиците, на македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема, се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ. Благодарам и да продолжиме да сме обединети, да сме цврсти и заеднички да ја избиеме оваа битка.”
-соопшти Николоски од пред владата на Република Македонија.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Историскиот антагонизам меѓу двете држави се надминува? Бугарија ја одобри еколошката студија за изградба на патно поврзување меѓу Струмјани и Берово
Во с. Драгобраште, виничко уапсени 26 годишник од Делчево и 24 годишник од с.Вирче, делчевско
Карл Јунг – патот преку поучни приказни, како дел од неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“