БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Хаварија на телескопот на Аресибо опсерваторијата во Порто Рико

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Спектакуларниот телескоп на Аресибо опсерваторијата во Порто Рико се урна пред неколку денови, оставајки зад себе нефункционална опсерваторија и крај на едно спектакуларно време на астрономски студии и научни експерименти.

Научниците надлежни за функционалноста на 900 тонската платформа надвисната над бетонската чинија со дијаметар од 305 метри предупредувале дека истата може да се урне како резултат на попуштањето на еден од главните челични носечки кабли во почетокот на месец ноември. Минатиот месец американската национална фондација за наука (NSF) во чија што сопственост е самата опсерваторија најавија дека ќе го стават вон употреба телескопот засекогаш, наведувајки безбедносни причини околу неговата стабилност и штета која што е прескапа за поправки.

Image

Катастрофалното рушење се случило во 8 часот наутро по локално време на 1 декември а нема повредени лица за време на хаваријата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На видео снимка на која е прикажано рушењето на металната конструкција се гледа како главните носсечки челични кабли пукаат од врвот на една од трите кули на кои е анкерувана самата платформа. Истовремено врвовите на останатите две кули исто така се рушат под ударот од аксијалните сили во челичните кабли.

Собата за посетители на опсерваторијата и контролната соба останале неоштетени во хаваријата.

Во врска со оваа хаварија од страна на инжинерската заедница се поставува прашањето за соодветното одржување на носечките конструктивни елементи од кои челичниот кабел кој попуштил во својата носивост во ноември не бил третиран уште од времето на изградбата на самата опсерваторија во 1963 година.

Најголемиот радио-телескоп на светот во текот на своето постоење бил центар на голем број значајни научни истражувања вклучително и проучувањето на ротационите ѕвезди познати како пулсари кое што допринело за доделувањето на Нобеловата награда за физика во 1993 година. Исто така телескопот во минатото имал улога на детекција на астероидите кои што поминуваат покрај Земјата и интензитетот на нивната закана по безбедноста на нашата планета.

Креирано од:


Пренеси го гласот