БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наше Интервју со Драган Ковачки- Носител на кандидатска листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во 3 изборна единица (Втор дел)

Во првиот дел од Нашето интервју со Драган Ковачки-Носител на кандидатската листа за пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата "Твоја Македонија" во Третата Изборна единица зборувавме за подготвеноста на опозицискиот блок да ја превзеде власта во Македонија, како и за кадровиот потенцијал кој што опозицијата го носи со себе и подготвеноста за да се случат промените кон подобро.
Пренеси го гласот

Продолжува од претходно

Брегалнички Портал:
4.”Платформа 1198” досега во јавноста понуди смели програмски чекори во јавноста. Дали граѓаните знаат да ги препознаат понудените проекти или ќе се раководат од поинакви потреби при укажувањето на својата доверба на денот на изборите?

Драган Ковачки:
Платформата 1198 нуди обнова на Македонија и иднина за сите граѓани. Програмата е правена од претходно одбиени предлози, идеи, како и проблеми со кои се соочуваат граѓаните изминатите 7 години. Платформата 1198 е одговор на барањата на народот. Со Платформата 1198 ние од ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека идната влада ќе реализира проекти во делот на здравствениот систем, во делот на образованието, во економијата, во земјоделскиот сектор. Се обврзуваме на инфраструктурен бум во сите општини, имаме план за вработување на нови 55.000 лица, враќање на младите овде во својата татковина и нудење на шанса и можност овде да ја градат својата иднина.

Платформата 1198 се обврзува на рестарт на системот и конечно воспоставување на почитување на законите подеднакво за сите и воспоставување на правна држава. И затоа велиме дека сега шансата и одлуката е кај граѓани, и веруваме во довербата на народот, затоа што тие се силата на една држава и моторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Брегалнички Портал:
5.Зошто граѓаните во Третата изборна единица треба да гласаат за кандидатската листа предводена од Драган Ковачки, наспроти кандидатската листа предводена од Сања Лукаревска?

Драган Ковачки:
Затоа што нудиме проекти и програми и затоа што покажавме дека сме различни од сегашната влада на СДСМ и ДУИ. Додека ние од ВМРО-ДПМНЕ градиме, тие од СДСМ и ДУИ крадат. Додека ние се бориме за нашите национални интереси, ја негуваме историјата, јазикот, традиција и нашиот македонски идентитет, тие го погазија и го распродаваа. Токму затоа. Разликата е повеќе од јасна. СДСМ и ДУИ имаа доволно време, потрошија 7 години односно два мандата да изградат нешто за граѓаните, да реализираат некој проект, но наместо тоа одбраа да бидат криминалци кои ќе ги полнат сопствените џебови. Со нив никогаш не било полошо за Македонија и за народот. И токму поради ова време е конечно да заминат.

Брегалнички Портал:
Бонус прашање: Кој од проектите во програмата “Платформа 1198” е ваш најсилен адут и лично ваш омилен проект?
Не можам да издвојам еден проект, лично сметам дека секој проект во “Платформата 1198” е позитивен и во интерес на граѓаните.  Носечки проект е реалокација на 250 милиони евра  од државниот буџет кон општинските буџети за една година, или за цел четири годишен мандат тоа е 1 милијарда евра за инвестициска офанзива за изградба и реконструкција на патишта, водоводни и канализациони мрежи, детски градинки, училишта, спортски сали, паркови, и многу други проекти.

Исто така би го издвоил и економски раст до 5 %, преку стратешки инвестиции, поттикнување и привлекување на странски директни инвестиции, а со ова и отворање на нови 55.000 вработувања.

Се обврзуваме на зголемување на 5000 денари на пензиите на пензионерите, вложуваме 800 милиони евра за земјоделството, гарантиран откуп и гарантирани цени за земјоделските производи, 50 милиони евра директна помош за спортот во 4 години, инвестиции во инфраструктурата од над 2 милијарди евра за 4 години за конечна изградба на автопат Кичево – Охрид; патни правци Тетово Гостивар, Битола – Прилеп; реконструкција и рехабилитација на железничкиот коридор 10 инабавка на возови.

Интегриран и обновен Клинички центар за подостапни и поефикасни здравствени услуги и проект Клиничка болница во Штип за конечно решавање на проблемите награѓаните од Истокот, како и нови вработувања и ангажирање на стручен персонал и доктори. Со “Платформа 1198” се обврзуваме и на реорганизација на министерствата и институциите, се разбира и намалување на бројот на функционери, како и намалување на бројот управни и надзорни одбори и бројот на членови во некои органи на државната управа и јавните установи.

Но, кога веќе би морал да издвојам еден проект, тоа е отворање на фронт против корупцијата, односно со воведување на низа мерки и реформи ќе започнеме бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата. Ова значи дека Платформата 1198 ја гледа Македонија како правична држава во која законот ќе важи подеднакво за сите и повеќе нема криминалците да бидат заштитени како што беше според принципот на СДСМ и ДУИ „како до сега“, туку ќе има одговорност за секој подеднакво.

Само преку работа, принципи и чесност ќе ја вратиме Македонија назад кај граѓаните. И токму е насловен нашиот слоган Македонија повторно твоја! Промените се во твои раце!

Првиот дел од интервјуто со Драган Ковачки може да го погледнете на сл. линк тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот