Драган Ковачки е еден од најпрепознатливите политичари во Македонската јавност. Гласноговорник против злоупотребите и неправдите создадени од власта, Ковачки изминатиот период беше гласот на потиштените и репресираните граѓани во Македонија. Тој во изминатите 4 години беше најостар критичар на погубните и штетни политики на власта на ДУИ поддржана од СДСМ како во парламентот, така и низ градовите и селата насекаде низ Македонија.
Драган Ковачки ја доби честа и одговорноста да биде носител на кандидатската листа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” на претстојните Парламентарни избори на 8 мај. За неговата борба и допринос за подобрување на општите состојби во Македонија, како и за актуелните негови контакти и директна комуникација со граѓаните на Брегалничкиот Регион во рамки на кампањата зборуваме во
НАШЕ ИНТЕРВЈУ СО ДРАГАН КОВАЧКИ (1 ДЕЛ)
Брегалнички Портал:
1.Дали Македонија е подготвена за промените? Како познавач на состојбите на највисоко ниво во државните институции дајте своја оценка за тоа каков е поширокиот контекст на актуелните состојби во клучните сфери на државата.
Драган Ковачки:
-Секако да. Граѓаните се подготвени за промени, со оглед на она кое што се случуваше изминатите 7 години, сметам и дека е презреан моментот за конечно да се случат промените. Состојбата на терен, но и на она кое што ние го добиваме како информација од граѓаните, е загрижувачка. А за тоа најдобро говорат извештаите во кои јасно се нотира дека во Македонија нема борба со корупцијата, а институциите не се во функција на сите граѓани. Впрочем, ова е кажано од страна нана американскиот Фридом Хаус, и е потврда на сето она кое што ние изминатите години јавно го говоревме. Криминалот и корупцијата се навлезени во секоја пора од општеството, и за тоа се виновни се разбира владата на СДСМ и ДУИ, која изминатите два мандата единствено и тоа го промовираше, сомнителни јавни набавки, милионски тендери на фирми блиски до нив, лица блиски до Димитар Ковачевски и Али Ахмети го окрупнуваат сопственото богатство и заработуваат на грбот на граѓаните.
Од една страна гледаме криминал од високи владини функционери, а од друга страна немаме никакви правна разрешница. За криминалот на владата на СДСМ и ДУИ, реагира и нашиот стратешки партнер САД, што укажува дека и судството и обвинителството се во спрега со власта. И токму поради тоа е и толку ниската доверба во правосудните органи.
Така што сметам дека да, граѓаните се подготвени за да ги донесат промените на 24 април и 8 мај, а потоа со ослободени институции ќе следува одговорност. Секој што работел незаконски, ќе мора да сноси одговорност и да одговара, само така ќе покажеме дека Македонија може да се менува.
Брегалнички Портал:
2. Како се случи Вие да бидете носител на кандидатската листа за пратеници во третата изборна единица?
Драган Ковачки:
Довербата ја дава членството на најголемата партија ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски. За мене ова првенствено претставува голема чест но пред се’ и голема одговорност да работам и да придонесам за Македонија и за граѓаните.
Брегалнички Портал:
3. Дали ВМРО-ДПМНЕ има организациски и кадров капацитет да ја преземе власта и уште поважно да се зафати со решавање од корен на проблемите во нашето општество?
Драган Ковачки:
ВМРО-ДПМНЕ е најголема политичка партија, која ги има најдобрите кадровски решенија и тоа сме го покажале во минатото, а го докажавме и сега со понудата на 5те технички министри во преодната влада. Со преземање на власта, сите кадрови потенцијали со своите компетенции ќе бидат поставени на соодветните позиции се со цел максимално да се искористи нивното знаење, искуство и вештини за да започнат да ги решаваат проблемите на граѓаните. Само така ќе покажеме дека ние сме различни од досегашната влада на СДСМ и ДУИ која назначуваше несоодветни кадрови решенија кои немаат допирна точка со одредена област на која се назначени.
ВМРО-ДПМНЕ покажа дека најдобра е во носење на економски мерки и политики за развој на државата, така ќе продолжиме и во иднина, бидејќи економијата е двигател на една држава и општество.
Продолжува
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наше Интервју со Никола Кузелов (Сценарист и актер)
Наше Интервју со Ана Симонова- Професорка по Македонски јазик, библиотекарка, граѓански еко- активист и гласен борец за женски права
Наше Интервју со “Банда Инструментале”: СУПЕРХИКС е бенд кој го одржува цврстата волја, желбата, другарството, упорноста, решителноста!