Пролог
Македонија, 2024 година…
Народ се помалку има во државата, апокалипса каде и да се свртиме…
татковите родни огништа се испревртени, чардаците се празни а страшни гаврани надлетуваат одсекаде.
Чемер и јад на сечии усни!
Македонија, 2024 година…
ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗЕМАТ?
Зурли штом диво ќе писнат
и тапанот грмне со подземен екот,
а орле во гради лутото стега
му иде да рика, да плаче и вика.
Свадба шарена пак ни спремат
мислат Македонче пак ќе го гребат.
Низ крчмата без крчмар, летаат тендери, плакати,
има кој да плати.
Таче утрчници збира, за Стево да се глави,
вторпат поглавица да стане, за Вила да се фане.
Ој ти море Груби златен, во небрано си фатен
вади злато- пари за мандат да се ќари.
Ако не бива со пари, пали фитил стари,
а Народ врти глава, никако не става
ојде- да дојде, вашта стара слава,
одговор се бара, учителот ќе се кара.
Сега гаќи ќе се даваат,
за наредни години сакаат народ пак да јаваат,
ама народ нафта не пие,
Македонец сега не се крие.
Ој ти Бујаре и Артане,
со народ на дереџе, за Стево и Таче со фереџе
летаа профити
врз мака на народ бевте сити.
А здравството пишти, образование вришти
економија тоне- куку ноне!
Старци на протест излегуваат зиме-лете,
по дворови нема кој да мете.
Нема ни момци да се фаќаат скокум,
оти во странство работат за локум.
Цел народ вам ви бега, за да нема кој да го стега
вашто оро запре, народ трга напред,
без бандити, криминалци,
сам да си прави, иднината своја.
Таче утрчници збира, за Стево да се глави,
вторпат поглавица да стане, за Вила да се фане.
Ој ти море Груби златен, во небрано си фатен
вади злато- пари за мандат да се ќари.
Пишува: Кирчо Анастасов
По инспирација на “Тешкото” од Блаже Конески и
аргатската ненародна профитерска политика на Стево Пендаровски и Димитар Ковачевски-Таче


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст