“Ова питомо и гостопримливо место е вистинска инспирација за нови идеи и визија која ќе значи село Габрово да биде посакувано место за живеење на среќни и горди луѓе.
Овде секој дом е инспиративна приказна сама за себе.
Овде македонштината пламти од памтивек и сакаме така да продолжи и во иднина. Посетата на Заменик Министерот за администрација и информатичко општество г-дин Стефан Андоновски на село Габрово беше убава можност луѓето од највисоките државни функции да се запознаат со секојдневието на габровци и ваквата пракса ќе продолжи и во иднина по преземањето на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Се родија неколку убави идеи, за реализација во иднина а габровци беа по малку и изненадени и затекнати затоа што досега никој не ги посетил во нивните домови на така високи позиции во државата.
Ова е “Твоја Македонија” и имаш право на најдобар можен начин да се бориш за својата и за иднината на твоето семејство.
Најпрво на 24 април а потоа и на 8 мај кога народот повторно ќе ја направи Македонија Горда.”
-фејсбук статус на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово