БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нема откажување: Петиција за Враќање на уставното име Македонија

Пренеси го гласот

Македонци од дијаспората го држат жарчето за опстанок на името Македонија да не згасне.

После сите премрежја поврзани со промената на Уставот на Република Македонија на противзаконски и насилнички начин од страна на владеачкото мнозинство на СДСМ, ДУИ и нивните сателит партии, со помош на 8 одметнати пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во 2018 и 2019 година, Македонци од Канада, Австралија, Европа и САД обединети во Координативно тело на Македонците во Светот, се уште ја одржуваат борбата против промената на името на Република Македонија.

Координативно Тело на Македонците во Европа и светот од Женева со поддршка на Светски Македонски Конгрес од Обединето Кралство; Светски Македонски Конгрес од Канада; Совет на Македонските Општини од Австралија; Македонска Радио Програма ЗЗЗ од Мелбурн; Обединети Македонци од Канада; Македонска Заедница Обединето Кралство; Здружение Цар Самоил од Белгија; Македонско-финско здружение од Финска; МКД Пијанец, Швајцарија; МД Македонија Ешалан, Швајцарија; МК Пирок, Швајцарија; Асоцијација Француско македонска средба -Рефрама, Швајцарија, во јавноста објавија своја петиција против промената на името на Република Македонија и поништување на Преспанскиот договор кој што беше причина за оваа противуставна и незаконска промена на името на државата,

Во петицијата се наведени причинит за ваквите барања.

“Преспанскиот договор од 2018 година е коренот на обезличување на Македонците. Овој договор означува губење на нашето име, идентитет, историја и нација. Со овој договор, нашето вековно име ‘Македонија’ е предадено на Грција и заменето со ново име – ‘Северна’.

 Со него се прекршува меѓународното јавно право а посебно универзално признати човекови права. 

1. Виенската конвенција за договорното право од 1969 година во членот 53 и членот 64 забранува кршење на императивните правни норми (jus cogens), вклучувајќи и правото на националниот идентитет и суверено право на самостоен избор и самоопредувањето на националниот идентитет, вклучувајќи го и името на овој идентитет без кој истиот не може да се дефинира. Националното име е идентитетот на нацијата.

2. Националниот идентитет, нераскинливо определен со именскиот содржател како основната одредница на правниот и националниот идентитет, претставува основна правна категорија заштитетена со принципот на културниот суверенитет, како фундаменталното начело содржано во повеќе документи на УНЕСКО и ООН. Секоја модификација на националниот и државно-правниот идентитет претставува етноциден обид за анихилација или поништување на националниот идентитет, вклучуваќи го и правото на овој идентитет, како основно човеково колективно право. 

3. Додавката „Северна„ е идентификационен модификатор и недозволено менување на суверен национален идентитет. Исто така, ја погазува волјата на македонскиот народ изразена преку референдумот од 2018 година,”

-стои во текстот на петицијата објавена преку пратформата change.org.

Понатаму Македонците од повеќе организации во светот упатуваат свое барања и до Премиерот на Владата на Република Македонија:

  • Да отпочне правно-политички процес за раскинување на овој понижувачки договор со Грција и постапки за возвраќање на уставното име Македонија за внатрешна и надворешна употреба при Обединетите Нации;
  • Искористувајќи ја позитивната клима во геостратешките актуелни промени , да поведе судски процес за сите инволвирани во потпишувањето на договорот и барање нивна лична одговорност”

-се вели во барањата упатени до Премиерот на Македонската влада.

“И ние Македонците, имаме право на идентитет и љубов кон нашето име и нашата нација. И ние, Македонците, имаме право на живот.

 Раскинувањето на Преспанскиот договор е борба не само за нашето име, туку и за нашето идентитетско и културно опстојување.

Поддржете ја нашата борба против Преспанскиот договор ако верувате во правдата и правото на секој човек да живее со своја историја, култура и национален идентитет.

Потпишете и споделете ја петицијата!”

-повикуваат Македонците од дијаспората обединети во споменатите организации ширум светот.

Креирано од:


Пренеси го гласот