БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ненаменското трошење на парите на граѓаните од страна на владата нема крај

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наспроти енормното задолжување на државата како никогаш досега  со финансии од странски финансиски фондови, и паралелното отсуство на капитални инвестиции во државата за што говарат и официјалните статистички податоци на Македонските институции, ненаменските и неразвојни трошења на буџетските пари земаат се поголем замав во државата.

Како некој да сака намерно да ја клекне државата на колена. Во соопштение до јавноста денеска алармираа од ВМРО-ДПМНЕ дека власта ненаменски ќе потроши огромни пари на граѓаните за потребите на пропагандата за претстојниот референдум, наместо за суштински проекти кои ќе значат реално подобрување на животот на граѓаните.

Лицето на власта одамна го прочитаа граѓаните.

Бесцелно е Центарот за комуникации на СДСМ да пишува и праќа бледи соопштенија. Со своите стерилни соопштенија не можат да го прикријат криминалот на СДСМ и Заев.

Владата на СДСМ секојдневно испумпува милиони евра од Буџетот наменети за фалење на штетниот договор и крати од суштински проекти за граѓаните.

СДСМ откако е на власт единствено што стори е дефокусирање на јавноста од секојдневните криминали и криминалното владеење, наместените тендери кои што се случуваат во оваа држава и кои што се всушност пари на граѓаните.

СДСМ не е способен да ја води државата. Време е СДСМ да си замине од власт и граѓаните да одат напред.

-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace