БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Непоправливи се! Елитизам и надменост е она по што останаа препознатливи функционерите на СДСМ

Пренеси го гласот

По неодамнешната улога на градоначалникот на Гази Баба на дежурен моќник кој ветува ослободување на поединците кои го нарушуваа полицискиот час и кои беа приведени од полицијата, останува јасно дека комплексот на надменост и елитизам е главна одлика на функционерите на СДСМ.

Во врска со ваквиот инцидент и самата постапка на Градоначалникот на Гази Баба која што беше наголемо критикувана од страна на јавноста, денеска со своја прес конференција реагираа од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од оваа скопска општина.

Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот Георгиевски да ги осуди постапките на советникот од редовите на СДСМ кој беше затекнат во време на полициски час како ги нарушува препораките на владата на Оливер Спасовски.

Целата прес конференција на Зоран Коцевски ја пренесуваме во продолжение:

“Функционерите треба да се пример за однесувањето на сите останати граѓани особено во ситуацијата во која се наоѓаме денес, но за жал осуда за постапките на советникот не стигна ниту од неговата матична партија.

Молчи и градоначалникот Борче Георгиевски кој си зема улога на полиција и обвинителство, и си дозволи да ослободува од одговорност и да ветува дека нема да се поднесуваат поднесоци за прекршителите на полицискиот час.

Вакво самоволие на еден градоначалник – умислен деспот не е забележано од кога постои нашата општина.

Наместо градоначалникот да ја обиколува општината за да види со какви проблеми се соочуваат жителите тој излегува на терен кога треба да се заштитат партиските интереси по секоја цена.

Но истиот тој градоначалник ниту пак СДСМ не изреагираа за обиената црква кај Смилковското езеро, уништениот летниковец во парк – шумата Гази Баба и ниту за сквернавењето на православните гробишта во Камник, чинови кои се случија изминатиов викенд.

Јавно го прашуваме градоначалникот, кој упорно молчи за овие настани, зошто има селективен пристап кон граѓаните од нашата општината?

Дали за него има граѓани од прв и од втор ред?

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба ги осудува сите антицивилизациски чинови особено ако се политички мотивирани.

Воедно повикуваме на смиреност, да останеме доследни во справување со вирусот кој е закана за сите наши граѓани од Општина Гази Баба. Надлежните институции треба да ги преземат сите мерки за сторителите на прекршувањето на полицискиот час да се изведат пред лицето на правдата.

Законите мора да важат за сите без разлика на партиска, верска или било која друга  припадност!”

Креирано од:


Пренеси го гласот