Денеска на прес конференци од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Во Штип ја обвинија владеачката СДСМ за непотистички семејни вработувања на раководни позиции на неколкумина функционери на СДСМ во Штип.
Игор Ефтимов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја алармираше штипската и пошироката јавност за назначувањето на нова директорка на поштата во Штип која што е сопруга на директорот на затворот.
“Непотистичките парови на функционерско ниво во СДС, не запираат!
Од пред неколку денови, директорка на поштата е сопругата на директорот на затворот!
Повторно имаме ситуација, кога брачна двојка држи две функционерски места. Таков е примерот со директорката на градинката „Вера Циривири Трена“ и командирот на Територијалната противпожарна единица, како и примерот со ВД директорката на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и раководителот на подрачната единица во Штип на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Она што го зборуваме извесно време, станува непобитен факт!
Само неколку фамилии во СДС добиваат високи и добро платени позиции, додека останатите нивни членови и граѓани се третираат како неподобни. Очигледно е дека функциите не се добиваат по стручност или професионален успех, туку единствено по партиска и семејна припадност.
Почитувани сограѓани,
Штип стана место каде неколку фамилии го контролираат и управуваат со животот на мнозинството граѓани. А тоа пак е созреано до степен, на првите избори да падне оваа корумпирана, неподобна и неспособна гарнитура!”
-соопшти Игор Ефтимов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи
Кочани го одбележa 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца