Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија Мухарем Сејдини одговарашки на новинарско прашање кажа дека нема намера да го менува умето на Федерацијата.
-Уште на почетокот кажав и во многу наврати повторував дека ниту јас сум го ставил името на Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас можам да го сменам тоа име. Единствен орган кој може да го смени името на Фудбалската федерација на Македонија е Собранието на ФФМ. Така што, Муамед Сејдини и натаму ќе остане доследен и ќе ги почитува сите правила,
-соопшти Сејдини на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти