БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Неправда по примерот на бившите комунистички судења со исказ на еден дискредитиран сведок, добија денеска поранешни високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Партиско-политичкиот прогон на Владимир Атанасовски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Велјановски е порака на власта дека сите неистомисленици треба да се плашат од Зоран Заев и неговите зауздени судии во длабоко корумпираниот судски систем во државата.Пресуди базирани на исказ на еден осуден инволвиран сведок се класична водилка во прирачникот за осуда на неистомислениците од поранешниот комунистички режим.

Денешните следбеници на оваа пракса се окуражени на злоделата против Македонскиот народ од нивните комунистички претходници во бившата држава, затоа што тогаш тие спроведуваа неправда а притоа поминаа неказнето.

Но моќта на демократијата е далеку поразлична сега во споредба со бурните 90-тити години и правдата за денешниве џелати ќе стигне многу побрзо отколку што тие замислуваат.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквиот начин на упатување на порака ќе доведе до жестока реакција во иднина, затоа што тркалото е тркалезно па се врти.

А од ваквиот “самоубиствен” наратив на Македонското прогресивно национално ткиво, имаат сите корист освен Македонскиот народ!

Правдата ќе биде задоволена кога- тогаш а виновниците-извршители на ова сценарио ќе се срамат од својата историска улога во овој Македонски судско-обвинителски санаториум!

-Фејсбук статус на Кирчо Анастасов-

Потпретседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот